Забрана за Вучиќ за приватна посета на логорот Јасеновац

Хрватските власти му забраниле на српскиот претседател Александар Вучиќ приватна посета на логорот Јасеновац. Тој сакал да положи цвеќе за жртвите од Јасеновац, пренесуваат српските медиуми.

Во логорот, според извештаите на независните комисии, биле убиени 700.000 Срби, Евреи и Роми, а логорот бил место на масовно страдање на жени и деца.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, Владата во Загреб дознала дека Вучиќ планирал приватно да го посети Јасеновац и да предизвика хаос, без да ги почитува протоколите и заобиколувајќи ги сите правила на дипломатските односи.

„Едноставно сакаше да направи хаос пред годишнината од `Олуја`, но ние во Владата јасно кажавме дека тоа не доаѓа предвид“ – потврдиле владини извори за хрватски „Јутарњи лист“.