Забраната за прелет на руски авиони останува, дециден е Ковачевски

Забраната за прелет на руски авиони Ковачевски рече дека останува.  Ова го кажа денес премиерот Димитар Ковачевски при посета на Пробиштип. “Ние имаме донесено одлука, забрана за прелет на руски авиопревозници преку територијата на нашата држава. Ние сме членка на НАТО, што значи дека одлуките што се носат во НАТО се и наши одлуки и ние имаме целосно усогласена надворешна политика со политиката на Европската Унија. Во однос на конкретниот авионски лет нема никаков друг третман во однос на одлуката, која е веќе донесена и која е во сила и која останува во сила“, истакна премиерот Ковачевски.