Жрепката за СП 2026 на 5 декември во Вашингтон
Жрепката за Светското фудбалско првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули следната година во САД, Мексико и Канада, ќе се одржи во „Кенеди Центар“ во Вашингтон, на 5 декември, објави во петокот американскиот претседател Доналд Трамп.

„Голема чест е да се биде домаќин на овој глобален настан и на оваа неверојатна група луѓе и неверојатни спортисти, најдобрите во светот, во културниот центар на нашиот главен град, објави Трамп во друштво на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Претходно се шпекулираше дека домаќин на жрепката би можел да биде Лас Вегас, каде беа извлечени групите за Светското првенство во 1994 година.
На Светското првенство во 2026 година за прв пат ќе учествуваат 48 репрезентации поделени во 12 групи, при што дури 32 ќе се пласираат во нокаут фазата.
Вкупно ќе се одиграат 104 натпревари, од кои по 13 во Мексико и Канада, а другите 78 во десет различни американски градови.