Живко Мукаетов: Работиме, градиме и создаваме за генерациите што доаѓаат
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид, Живко Мукаетов, во своето новогодишно обраќање до вработените во компанијата.

„Алкалоид“ денес е компанија на над 3.000 вработени и на над 6.000 акционери. Огромен број иматели на удели имаат доверба во еден систем, стекната низ турбулентни времиња, но со искрен и чесен пристап, доследност и почит.
Тука и сега работиме со посветеност, градиме и создаваме за генерациите што доаѓаат.
На прагот на годината во која одбележуваме 90 години од основањето на „Алкалоид“, би сакал да им оддадам почит на позитивните вредности што ги поврзуваат нашето минато, сегашноста и иднината.