Живко Мукаетов во друштво на амбасадорката Агелер ја бодри Македонија!

Во „Вараждин Арена“ ечи македонска песна, „Фалангата“ одново е присутна во огромен број, а на трибините поддршка на ракометарите им дава и првиот човек на Ракометната федерација, Живко Мукаетов, кој е во друштво на американската амбасадорка во Македонија, Анџела П. Агелер. 

Ракометната репрезентација на Македонија против Унгарија го отвори 29. Светско првенство, кое се игра во три држави – Хрватска, Данска и Норвешка.

Во „Вараждин Арена“ ечи македонска песна, „Фалангата“ одново е присутна во огромен број, а на трибините поддршка на ракометарите им дава и првиот човек на Ракометната федерација, Живко Мукаетов, кој е во друштво на американската амбасадорка во Македонија, Анџела П. Агелер.

Двајцата со македонски шалови навиваат за ракометарите на Лазаров кои одиграа фантастично прво полувреме и одлично му парираа на големиот фаворит.

Извор: Гол