Живковски за „Призма“: Стан во Центар, во моментов, се продава од 2 400 до 3 000 евра за квадрат

Агенцијата за катастар со години не го објавува регистарот на цени за купување и наем, иако тоа е законска обврска. Тој треба да биде алатка со која ќе се овозможат реални податоци врз кои ќе можат да се креираат политики. По средбата со Славески, директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски најави дека регистарот наскоро ќе биде достапен.

Цените на становите во најатрактивните општини вртоглаво растат, а речиси половина од купопродажбите се во готовина, откри неодамна гувернерот Трајко Славески – што отвори сомнежи дека недвижностите сè почесто се купуваат како инвестиција, а не за домување, што ја крева цената, пишува „Призма“.

Во исто време, Агенцијата за катастар со години не го објавува регистарот на цени за купување и наем, иако тоа е законска обврска. Тој треба да биде алатка со која ќе се овозможат реални податоци врз кои ќе можат да се креираат политики. По средбата со Славески, директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски, најави дека регистарот наскоро ќе биде достапен.

Во интервју за БИРН, тој објаснува дека, сепак, нема да ја прикаже вистинската цена што се плаќа во моментов, бидејќи се темели на стари преддоговори, кога цените беа далеку пониски.

„Ние веќе имаме подготвен извештај за првиот квартал од годинава, кој деновиве ќе го објавиме, а наскоро подоцна и самиот регистар. Но, сакам да укажам на некои работи. Во последниве 18 месеци има скок на цените на недвижности за 50 отсто, а во некои случаи и повеќе во однос на претходниот период. Меѓутоа, кај новите станови, договорот што ние го имаме за овој период од годинава, е последица на преддоговор склучен пред две, три или четири години. Значи, сега во катастарот ни доаѓаат за упис згради што почнале да се градат на крајот на 2020/2021 година, зависи од големината на објектот и рокот за изградба“, вели Живковски.

Целото интервју прочитајте го на „Призма“.