Жељко Комшиќ од денеска нов претседавач со Претседателството на БиХ

Комшиќ на оваа позиција доаѓа по принципот на ротација, заменувајќи ја српската членка на Претседателството, Жељка Цвијановиќ.

Хрватскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, кој е избран со гласовите на бошњачките избирачи, од денеска ја презема функцијата претседавач со Претседателството на БиХ.

Комшиќ на оваа позиција доаѓа по принципот на ротација, заменувајќи ја српската членка на Претседателството, Жељка Цвијановиќ.

Како што соопштија од Претседателството на БиХ, Комшиќ ќе ја извршува функцијата претседавач во наредните осум месеци.

Изборот на Комшиќ и понатаму е причина за незадоволство кај Хрватите, еден од трите конститутивни народи во БиХ, кои бараат измена на Изборниот закон. Тие сметаат дека бошњачките гласачи го избираат нивниот претставник во Претседателството и затоа инсистираат на реформи. Сепак, измените досега не се реализирани, бидејќи, според критичарите, на Бошњаците им одговара сегашната состојба во која имаат две фигури во Претседателството што ги застапуваат нивните интереси.