
„Како членка на Шенген, а наскоро и на еврозоната, Бугарија продолжува да ја зајакнува својата водечка улога во стабилноста и растот во регионот. Овие достигнувања на бугарското општество недвосмислено покажуваат дека нашата земја е еднаква на највисоките европски стандарди“. Ова го изјавил бугарскиот премиер Росен Жељазков на средбата со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос.
Бугарскиот премиер ја истакнал важната улога што Советот на Европа треба да ја игра во заштитата на правата на бугарската заедница во Македонија.