Острата реакција на францускиот претседател Емануел Макрон кон Москва може да биде поврзана со акциите во Африка, призна рускиот претседател Владимир Путин во интервју со новинарот Дмитриј Кисељев за Русија 1 и РИА Новости.
Кисељев го праша Путин дали антируските изјави на официјален Париз би можеле да бидат одмазда за тоа што Русија и „стапна на опашката“ на Франција на африканскиот континент.
– Да, мислам дека има некакво незадоволство поради тоа. Но, кога тој (Макрон) и јас одржувавме директни контакти, разговаравме доста отворено на оваа тема – рече шефот на руската држава.
Путин претходно изјави дека Русија не се меша во Африка и не ја измести Франција од таму, а и самите африкански лидери изразија желба да соработуваат со Русија.