Прорускиот градоначалник на Снихуривка, град источно од Миколаев, за новинската агенција РИА изјавил дека граѓаните виделе тенкови, додавајќи дека се водат жестоки битки, пренесува Ројтерс.
„Тие се јавија во текот на денот и рекоа дека виделе движење на тенкови. Според граѓаните, на периферијата на градот се водат тешки битки“, рече прорускиот градоначалник на Снихуривка, Јуриј Барбашов, додавајќи дека „луѓето го виделе движење на воени возила по улиците и во центарот на градот“.
Кирил Стремусов, прорускиот лидер на соседната окупирана област Керсон, на својот канал Телеграм објави дека украинските сили се обиделе да ја пробијат линијата на фронтот на три места, вклучувајќи ја и Снихуривка.
Виталиј Ким, украинскиот гувернер на регионот Миколаев, цитираше разговор меѓу руски војници, пресретнат од украинските сили, сугерирајќи дека Украинците веќе ги истуркале Русите од областа Снихуривка.
„Руските војници се жалат дека веќе се избркани“, објави Ким за ситуацијата во Снихуривка.