Жестока реакција на пратеничката Соња Мираковска на забелешките од бугарските европратеници Џамбаски и Јорданов во Европскиот парламент во Стразбур.
Тие истакнаа дека во македонската литература, Бугарите секогаш се споменуваат во лош контекст, дека пругата кон Бугарија не е направена, дека Бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ е потпален а сторителот се слави како херој, дека во пописот е сомнително што две третини од попишаните Бугари се мажи и дека Северна Македонија знае што треба да стори за да влезе во втората фаза од пристапните преговори: да го смени Уставот.
Копретседателката Мираковска побара поголемо меѓусебно почитување.