Жерновски: Одлуката на САД за визите е аларм, политиките за изолација скапо ја чинат Македонија
„Видовме 24 часовен молк на премиерот Мицкоски којшто го снема од политичката сцена цел ден, вчера не можевме никаде да го видиме, денеска го очекуваме да се појави. Тоа не е случајно, требаше да даде одговор за тоа зошто САД не стави на листа. Ако некој може да даде одговор тоа е сигурно другарот од периметарот, нашиот премиер којшто не убедува 2 години колку блиски пријатели се. Во недостиг на неговото присуство, што би рекле од неговата партија, за уши го извади министерот за надворешни работи, Муцунски“, рече на денешната прес-конференција членот на ИО на СДСМ – Андреј Жерновски.

Вели „се случи уште една грешка, уште еден трагикомичен настап на политичар којшто многу зборува а ништо не кажува, персонификација на денешната киндер дипломатија. Мицкоски фактички го надмина својот претходник Груевски, кој заврши на црната листа, Мицкоски за жал ја стави целата држава на црната листа. Одлуката на САД да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не е техничка пауза, како што вели министерот Муцунски, туку политички сигнал, предупредување“.
„САД внимателно ја следат состојбата во земјата и ова е јасен сигнал дека гледаат проблем, дека нешто не е во ред. Толку од периметарот на Мицкоски, митот кој се обидуваше да го создаде пропадна. Неговите „одлични, специјални односи“ со САД се толку добри што завршивме во периметарот на Сомалија и како “трет свет”. Македонија ја плаќа цената на погрешните политики на Мицкоски кои водат кон затворање, кон изолација на земјата. Тоа ја зголемува недовербата на граѓаните во институциите. Недостигот од економска перспектива за луѓето ги тера младите да заминуваат, да се иселуваат затоа што не гледаат иднина дома“ смета Жерновски.