Жерновски: Ни ја исклучија струјата на сред митинг во Иловица. Џабе им е!

Членот на раководството на СДСМ, Андреј Жерновски, на Фејсбук сподели фотографии од собирот во Босилово. Тој ја обвини владејачката гарнитура за обид по секоја цена да го спречи митингот на социјалдемократите во општината.

Членот на раководството на СДСМ, Андреј Жерновски, на Фејсбук сподели слики од собирот во Босилово. Тој ја обвини владејачката гарнитура за обид по секоја цена да го спречи митингот на социјалдемократите во општината.

„Ова е денес нашата Македонија. На средина од митингот во Иловица, Босилово, ни беше исклучена електричната енергија. Срамно, тажно и жалосно!

Но продолживме. Ги вклучивме мобилните за да ја осветлиме бината, а гласот на кандидатката за градоначалник Мариче Кармазичева стана уште посилен и поенергичен.

Не ни’ требаше веќе озвучување, бидејќи желбата и вербата се посилни од се’!

Во оваа темница во Иловица, најјасно се виде разликата меѓу нас и нив“, напиша Жерновски на Фејсбук.