Жерновски до Мицкоски: Мигранти сами дојдоа на плоштад за да прослават со тебе, ја чекаме твојата оставка
Има ли поубав почеток на Новата Година од тоа да си дадеш оставка“ – вака му порача членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски на премиерот Христијан Мицкоски откако на новогодишната вечер на плоштадот „Македонија“, на која присуствуваше и лично премиерот, дојде до инцидент и туркање помеѓу група мигранти од Непал.

Ваквата реакција на Жерновски следува откако Мицкоски во декември го спомена името токму на Жерновски, Венко Филипче и Љубомир Фрчкоски во однос на темата со мигрантите од Велика Британија.
Ете, не мораше ние да ти ги најдеме твоите мигранти. Самите ти дојдоа на плоштад да си прослават со тебе. Ги разбирам, сакале да влезат во Новата 2026-та со некои близок, а кој да им биде поблизок од тебе, односно од оној кој им овозможил да влезат во Македонија?
Да беше од збор, ќе се качеше на бината, ќе почнеше да одбројуваш “10,9, 8, 7…” и на крај ќе кажеше “Оставкааа” !!!
Ех, што аплауз ќе беше тоа. Ќе имаше петарди и огномет како никогаш досега. Што воодушевување ќе предизвикаше, не само таму, туку во секој дом.
Си бил видно нервозен и „со висок тон“ по телефон си побарал да бидат отстранети мигрантите бидејќи “проблем ќе ти направат“?
Чекај, чекај, нервозата допрва доаѓа. Ајде, ја чекаме оставката“, порача членот на новото раководство на СДСМ.