Жените, децата и стари лица се евакуирани од подземни коридори на металуршкиот комбинат „Азовстал“ во Украина, последното место на отпорот на украинските сили во близина на пристанишниот град Мариупол, објави вицепремиерката – Ирина Верешчук.
„Наредбата на претседателот е извршена: сите жени, сите деца и сите постари лица евакуирани од Азовстал. Овој дел од хуманитарната мисија е завршен“ – објави Верешчук.
Од руското Министерство за одбрана завчера објавија дека воведуваат тридневен прекин на огнот поради извлекувањето, како што претходно се проценуваше, на околу 500 цивили од челичарницата „Азовстал“, засолнати таму по почетокот на борбите за Мариупол.
Украина презема дипломатски чекори да ги спаси и украинските борци кои се наоѓаат во руското опкружување во „Азовстал“, изјави во своето вообичаено ноќно обраќање украинскиот претседател Владимир Зеленски.