„Жените во први редови“ во Белград: Молчење за жртвите во Нови Сад

Во одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8 Март, им се придружија студенти и граѓани. Беа истакнати транспарентите „Без жени нема револуција“, „Не сакам роза, туку револуција“, како и „Студенти со студентките“.

Студентките обединети во кампањата „Жените во први редови“ во центарот на Белград одржаа 18 минутно молчење за загинатите во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и жртвите на фемицид.

Во одбележувањето на Меѓународниот ден на жената 8 Март, им се придружија студенти и граѓани. Беа истакнати транспарентите „Без жени нема револуција“, „Не сакам роза, туку револуција“, како и „Студенти со студентките“, јави Бета.

Предвидено е учесниците на собирот да отидат и до Вишото јавно обвинителство каде ќе зборуваат за фемицидот, но и за проблемите што студентките ги доживеаја за време на протестите и претходно.