Жена со дете паднала од трамвај во Белград

Сообраќајна несреќа се случила во Нов Белград. Жена и дете паднале од трамвај, пишуваат тамошните медиуми.

Очевидци раскажуваат дека и двајцата биле полесно повредени.

Детето било во количка, а бебиситерката полесно ја повредила ногата. Не се знае како дошло до несреќата, дали жената со детето паднала додека се симнувала од трамвајот или се работи за нешто друго.

Сообраќајот на трамвајските линии е запрен, а полицијата се уште е на терен.