Жена прегазена на пешачки премин кај „Јосип Броз Тито“, возачот избегал

Вчера во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот А.А. од Скопје, удрило во пешакот М.М. од Скопје и го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 79-годишната М.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Подоцна, по преземени мерки, на локалниот пат за Средно Водно е пронајден и лишен од слобода возачот А.А.. Извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.