Жена починала на работно место во „Водовод и канализација“

МВР информира дека вчера во 14.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на подрачје на Центар, на вработената В.З.(59) од Скопје ѝ се слошило, по што починала на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.