Полицајците од Сараево уапсија три лица осомничени за убиство, соучесништво и непријавување кривично дело откако во стан беше пронајдено безживотно тело на жена.
Како што се посочува, полициски службеници во стан го пронашле безживотното тело на 38-годишната Н.Р. која беше убиена пред неколку дена.
За ова дело од слобода е лишен сопругот на починатата Г.Р. (36), неговата мајка Л.Р. (72) и 67-годишниот Љ.Ј.
Во станот се пронајдени предмети и траги на кривично дело.
По наредба на обвинителството ќе биде извршена обдукција.
Сите лишени од слобода се во службените простории на Управата на полицијата, а по кривичната истрага ќе бидат предадени во надлежност на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево.