Британската полиција соопшти дека уапсила маж откако 11-годишно девојче и 34-годишна жена биле избодени со нож на плоштадот Лестер во центарот на Лондон.
Од полицијата соопштија дека не веруваат дека има повеќе осомничени за нападот и дека се чекаат нови информации за здравствената состојба на нападнатите кои се пренесени во болница.
Засега се верува дека нема опасност за останатите граѓани.
Истрагата е во тек.