
МВР со детали: Две деца, а не жена и дете се удрени од автомобил на Партизанска
Две деца се полесно повредени откако во нив удрил автомобил на булеварот Партизански одреди.
Според првичните информации од терен, едното дете било на велосипед а другото се движело пеш кога во нив удрило возилото.
Полицијата и надлежен обвинител прават увид на лице место, а детали најавија до крајот на денот. На децата им е укажана лекарска помош.
Претходно од очевидци дознавме дека станувало збор за мајка и дете, но во меѓувреме излезе информацијата на МВР дека се повредени две деца, пренесува Канал 5.