
Уапсена е жена која упаднала во домот на славниот холивудски актер, Роберт де Ниро во Њујорк. Според американкските медиуми, таа сакала да ги украде подароците од под неговата божиќна елка. Полицијата ја видела жената како влегува во подрумот на зградата и потоа пронашла траги на насилно влегување.
Таа од порано ѝ била позната на полицијата по бројните апсења за грабеж.
Информациите се дека 79-годишниот Де Ниро се симнал по скали во пижама откако слушнал метеж. Портпаролот на легендарниот актер изјави дека тој е добро и додаде дека обидот за грабеж се случил во домот што привремено го изнајмува.
Портпаролот на њујоршката полиција кажа дека полицајци ја следеле жената до станот и ја фатиле во дневната соба кога се обидувала да ги земе подароците кои биле под елката.