Железничката станица во Нови Сад ќе биде урната, реконструирана или делумно користена

Министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Александра Софронијевиќ, изјави денеска дека железничката станица во Нови Сад, од која се урна бетонска настрешница на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 16 лица, ќе биде подложена на анализа на статиката. Врз основа на резултатите од тоа ќе биде одлучено дали зградата ќе биде урната, реконструирана или делумно ќе се користи - само во деловите што се целосно безбедни.

Министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Александра Софронијевиќ, изјави денеска дека железничката станица во Нови Сад, од која се урна бетонска настрешница на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 16 лица, ќе биде подложена на анализа на статиката. Врз основа на резултатите од тоа ќе биде одлучено дали зградата ќе биде урната, реконструирана или делумно ќе се користи – само во деловите што се целосно безбедни.

„Имаше барање од Вишиот суд во Нови Сад за проширување или дополнување на обвинението и дека изменетата истражна постапка се уште е во тек. Паралелно со тоа, имаме забрана за влез во зградата на станицата и дадена е наредба да се испита целокупната статика на зградата на станицата во Нови Сад“, изјави Софронијевиќ за српски медиуми.

Таа рече дека се уште не е можно физички да се тестира статиката на зградата поради забраната за влез во зградата на станицата.

Засега, според неа – додека не се решат сите проблеми, зградата на станицата останува во статус кво без можност за влегување и проверка на целосната статика на постојната зграда.

„Решенија ќе се бараат кога ќе добиеме официјален извештај за тоа што можеме да направиме со таа зграда. Дали е за уривање, дали е за реконструкција…Се разгледуваат и некои други решенија, имено делот што е целосно безбеден, а тоа е делот од платформата со премин под коридорот, може да се користи како станица кога две земји (Србија и Унгарија) ќе се договорат за пуштање на (брзата пруга) во патнички сообраќај во одреден период“, рече Софронијевиќ.

На прашањето кога ќе биде отворена брзата пруга од Нови Сад до Суботица, таа рече дека железницата ќе биде отворена кога ќе заврши инспекцијата на сите станици или само пругата без сите станици, што може да се случи веќе во следниот месец или месеци и пол.

Таа истакна дека отворањето на железницата ќе зависи и од координацијата со Унгарија, која ја завршува нејзината делница.