Жандарм тешко ранет на трамвајска станица во Букурешт
Припадник на романската Жандармерија е ранет синоќа на трамвајска станица во Букурешт кога бил избоден со нож од маж кој наводно работи во одделението за чистота во градот.
Нападот се случил околу 19 часот, пред бројни патници кои чекале јавен превоз.
Напаѓачот извадил нож и почнал да го прободува првиот кој му се наоѓал на патот, кој во случајов бил припадник на Жандармеријата, кој не бил на должност.
– Припадник на Жандармеријата бил нападнат кога се симнувал од трамвај. Осомничениот разговарал на телефон и пцуел, а потоа го нападнал припадникот на Жандармеријата и го прободел неколку пати. По нападот, осомничениот побегнал – соопштија од Жандармеријата.
Според медиумите, жандармот се здобил со бројни убодни рани во градите и нозете, но за среќа, неговиот живот не е во опасност.