Жалиме што Бугарија се позиционира како рецензент, а не како партнер во дијалогот, велат од МНР

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија порачуваат дека земјата и понатаму останува подготвена за дијалог, кој ќе се води во духот на европските вредности и меѓусебно почитување.

Од Министерството нагласуваат дека Република Северна Македонија ниту има намера, ниту потреба да се вклучува во внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија – ниту преку коментари и интерпретации, ниту преку учество во дневнополитички наративи.

Во реакцијата се упатува апел до бугарските институции да се водат од принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и институционална комуникација, кои, како што се наведува, претставуваат темелни европски вредности и стандарди.

„Европа се гради со доверба и резултати, а не со етикетирања и политички квалификации“, се вели во соопштението.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија порачуваат дека земјата и понатаму останува подготвена за дијалог, кој ќе се води во духот на европските вредности и меѓусебно почитување.

Софија ги оцени изјавите на Муцунски за можната средба како „нејасни и манипулативни“