ЕK и обезбеди на Северна Македонија 50 милиони евра макрофинансиска помош

Европската комисија денеска соопшти дека и доделила на Северна Македонија заеми во износ од 50 милиони евра, како прва транша во рамките на макрофинансиската помош наменета за таа земја.

Како што најави ЕК, овие средства треба да обезбедат дополнителна поддршка за Северна Македонија, чија економија е сериозно погодена.

„Помошта ќе ја поддржи макроекономската стабилност и ќе обезбеди понатамошни реформи поврзани со тековната програма на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Северна Македонија. Тоа ќе и помогне да напредува на нејзиниот европски пат“, се додава во соопштението на ЕК.