Еј-Би-Си ја повлекува емисијата „Џими Кимел во живо“ поради коментарите за убиството на Чарли Кирк
Телевизијата Еј-Би-Си во сопственост на „Волт Дизни“ соопшти дека на неодредено време ќе ја суспендира својата емисија „Џими Кимел во живо“ откако коментарите на водителот за убиството на американскиот патриот Чарли Кирк предизвикаа остри критики од шефот на Федералната комисија за комуникации.

Претходно, „Некстар Медиа Груп“ изјави дека ќе престане да ја емитува емисијата на своите 32 подружници на Еј-Би-Си, повикувајќи се на коментарите на Кимел.
„Коментарите на г-дин Кимел за смртта на г-дин Кирк се навредливи и нечувствителни во критичен момент во нашиот национален политички дискурс“, изјави портпаролот на „Некстар“, Ендру Алфорд.
Претседателот на Федералната комисија за комуникации, Брендан Кар, претходно ги повика локалните радиодифузери да престанат да ја емитуваат емисијата на Еј-Би-Си.
Чарли Кирк беше застрелан и убиен на 10 септември додека се обраќаше на студентите на Универзитетот во Јута во американската држава Јута.
Осомничениот, Тајлер Робинсон, беше уапсен и обвинет за убиство.