ЕХФ се огласи за натпреварот Алкалоид – АЕК: За одлука уште ќе се чека!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти дека ја предала целата релевантна документација што ја поседува до своите правни тела и побарала иницирање на правна постапка.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги предаде сите релевантни информации што ги поседува на своите правни тела и побара покренување на судски постапки против клубовите РК Алкалоид и АЕК Атина, стои во денешното сооопштение на централата по повод неодиграното реванш финале помеѓу двата клуба во ЕХФ Европскиот Куп.

Информациите што ЕХФ ги достави до судските тела, меѓу другото, се однесуваат на дистрибуцијата на билети на гостинските навивачи од страна на РК Алкалоид во пресрет на натпреварот, како и на одбивањето на АЕК Атина да влезе на теренот за почетокот на натпреварот.

-Од двата клуба е побарано да ги достават своите изјави, односно информации од нивна страна, за да бидат разгледани од судските тела. Понатамошна комуникација ќе биде обезбедена само откако ќе се донесе конечна одлука, стои уште во соопштението на ЕХФ.