ЕХФ ЕУРО 2026: Швајцарија и Исланд одиграа нерешено

Првиот натпревар од денешната програма од групата 2 од Европското првенство во ракомет меѓу Швајцарија и Исланд заврши без победник 38:38

Првиот натпревар од денешната програма од групата 2 од Европското првенство во ракомет меѓу Швајцарија и Исланд заврши без победник 38:38. Двете полувремиња завршија со идентични 19:19.

Ракометарите на Швајцарија во најголемиот дел од натпреварот имаа водство, но сепак Исланд во последните две минути ги искористи исклучувањата на противникот и стигна до изедначување. Во последната минута и двете репрезентации не реализираа напади за водство.

Од оваа група од 18 часот играат Хрватска – Словенија, а од 20:30 часот е дуелот меѓу Шведска и Унгарија.

Лидер на табелата е Исланд со 5 бодови, Шведска, Словенија и Хрватска имаат по 4, Швајцарија 2, а Унгарија само еден бод.