Македонскиот ракометен шампион – Вардар 1961 нема да игра во ракометната Лига на шампиони следната сезона.
Ова е одлуката на Извршниот комитет на Европската ракометна федерација на денешниот состанок. Според ЕХФ, Вардар не ги исполнува критериумите за да игра во ЛШ наредната сезона иако „црвено-црните“ се редовни учесници во елитното натпреварување.
Вардарци двапати, во 2017 и 2019 година ја освојуваа ракометната ЛШ/
Старите долгови на Вардар се причина за одлуката на ЕХФ затоа што скопскиот клуб подолг период е предмет на разгледување во ЕХФ поради неисплатени договори кон поранешни играчи.
Останува отворена дилемата кој ќе го пополни местото на Вардар.
Меѓу опциите за „вајлд-карта“ е и македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер.