Ефектите од есенската кошничка се речиси никакви, вели Јовановиќ
Сега веќе е јасно дека есенската кошничка нема скоро никакви ефекти, а тоа и беше за очекување, затоа што оваа мерка не се воведува првпат. Ефектите секогаш беа исти – скоро никакво намалување на цените, од многу едноставна причина, што мерката тешко се контролира, вели професорот од Виенскиот институт, Бранимир Јовановиќ.
Сега веќе е јасно дека есенската кошничка нема скоро никакви ефекти, а тоа и беше за очекување, затоа што оваа мерка не се воведува првпат. Претходната влада во неколку наврати ги ограничуваше маржите, а ваква скоро идентична мерка воведоа и Србија и Црна Гора пред некое време. Ефектите секогаш беа исти – скоро никакво намалување на цените, од многу едноставна причина, што мерката тешко се контролира, вели во изјава за Рацин.мк, професорот од Виенскиот институт, Бранимир Јовановиќ.
Тој додава дека државата нема доволно инспектори – само околу 100-ина за целата земја – а контролирањето на мерката бара време, бидејќи треба да се проверуваат фактури и други документи.
-Но, јас мислам дека Владата и самата знаеше дека работите ќе испаднат вака, а мерката ја воведоа само како своевидно алиби дека пробале да направат нешто за подобрување на животниот стандард, откако се најдоа на удар поради тоа што неколку пати претходно изјавуваа дека немаат намера да ги покачуваат платите, вели тој.
Јовановиќ предлага наместо ограничување на цени, сега треба да видиме мерки за покачување на примањата на луѓето.
-Треба да видиме покачување на социјалната помош, на минималната плата и на платите во јавниот сектор, што понатаму ќе креира притисок да пораснат и сите други плати. Има една народна изрека – не се цените високи, платите се ниски – и мислам дека тоа најдобро ја опишува моменталната ситуација во Македонија, вели тој.
Целиот текст на следниот ЛИНК.