ЕУ е на ставот дека треба да следуваат дополнителни санкции против Русија, а релевантните предлози ќе бидат разгледани в среда, објави Фајненшл тајмс.
„Понатамошни санкции и поддршка од ЕУ се на пат“ – соопшти синоќа претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел преку Твитер, како реакција на настаните во Буча.
„Фајненшл тајмс“ објави дека се очекува амбасадорите на ЕУ да разговараат за нова рунда антируски санкции.
И францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека треба да се воведат дополнителни санкции спрема Русија, откако Украина ги обвини руските сили за убивање цивили во украинскиот град Буча.
„Постојат многу јасни индиции за воени злосторства. Во Буча беше руската армија“ – изјави Макрон за „Франс Интер“ по откривањето на масовните гробници и стотиците загинати северозападно од Киев.