Урсула фон дер Лајен – претседателката на Европската комисија нагласи дека ЕУ ќе воведе забрана за руската нафта како одмазда за руската инвазија врз Украина.
„Ќе се погрижиме постепено да ја исфрлиме руската нафта на уреден начин“ – рече фон дер Лајен во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур додека го презентираше шестиот пакет санкции против Москва.
Таа рече дека ЕУ ќе побара од 27-те земји-членки на блокот да и оневозможат на Сбербанк, најголемата руска банка, пристап до SWIFT, глобалниот банкарски комуникациски систем.
Европската Унија ќе таргетира уште три руски државни радиодифузери во новите санкции поради инвазијата на Украина
„Ги идентификувавме овие ТВ канали како гласноговорници, кои агресивно ги засилуваат лагите и пропагандата на Путин“ – рече Фон дер Лајен.
На компаниите за односи со јавноста во ЕУ исто така ќе им биде забрането да прават бизнис во Русија, додаде таа.