ЕУ ја осуди хибридната војна на Русија на Балканот

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во саботата ги осуди руските хибридни напади врз демократиите на Западен Балкан и пошироко, велејќи дека Европската унија секојдневно се бори да разоткрие дезинформации, пренесува АП.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во саботата ги осуди руските хибридни напади врз демократиите на Западен Балкан и пошироко, велејќи дека Европската унија секојдневно се бори да разоткрие дезинформации, пренесува АП.

Фон дер Лајен беше во Косово како дел од патувањето оваа недела во земјите од Западен Балкан кои се стремат кон членство во ЕУ за да ги увери дека проширувањето останува приоритет за блокот од 27 нации.

Фон дер Лајен ги осуди напорите на Русија да ги „дестабилизира овие демократии“, додавајќи дека Брисел работи на разоткривање на пропагандата „за доброто на целиот регион“.

„Можно е да се бориме со вистина, транспарентност и многу јасни пораки. Значи, овде ние всушност се спротивставуваме на хибридниот напад што Русија го води против демократиите#, рече таа на прес-конференција во главниот град Приштина. Фон дер Лајен дојде на Косово од Србија, која има блиски врски со Русија и одби да се приклучи на меѓународните санкции против Москва поради нејзината инвазија на Украина.

Минатата година, претставниците на ЕУ им понудија на земјите од Западен Балкан план за раст од шест милијарди евра во обид да ги удвојат економиите во регионот во следната деценија и да ги забрзаат нивните напори да се приклучат на блокот. Оваа помош зависи од реформите што би ги усогласиле нивните економии со правилата на ЕУ.

Земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија – се во различни фази на аплицирање за членство во ЕУ. Земјите се фрустрирани од бавното темпо на процесот, но руската инвазија на Украина во февруари 2022 година ги натера европските лидери да се залагаат шесте да се приклучат на блокот.

Европската комисија во средата ги одобри реформските програми на Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, но не и Босна и Херцеговина, која не поднесе целосна реформска агенда, по зеленото светло на земјите-членки на ЕУ. Ова беше клучен чекор што ќе овозможи исплати според Планот за раст по завршувањето на договорените реформски чекори Фон дер Лајен ја заврши нејзината посета со посета на Црна Гора, членка на НАТО која се смета за прва во линијата за членство во ЕУ. Фон дер Лајен ги пофали напорите на Црна Гора на патот кон ЕУ, велејќи дека „сега го затвораме едно поглавје по друго“.

Владата на Црна Гора е кохабитација на проевропски и проруски фракции. Фон дер Лајен повика на единство на поделената нација за да се постигне напредок кон членството во ЕУ.