Позитивни коментари упатени кон истовременото влегување на Хрватска во Шенген и во еврозоната како големо достигнување и за државата и за ЕУ од страна на претседателот на Европската комисија и неколку членови на комисијата.
– Го поздравувам влезот на Хрватска во еврото и Шенген зоната. Од недела граѓаните кои влегуваат и излегуваат од Хрватска ќе можат да патуваат без контрола на внатрешните граници, истакна претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.
Таа смета дека тоа е „голем успех за Хрватска, симбол на нејзината цврсто вкоренета приврзаност кон ЕУ и симболичен момент за ЕУ како целина”.
Фон дер Лајен, е момент на гордост за ЕУ, Хрватска и нејзините граѓани.
– Ова е пресвртница на европскиот пат на Хрватска и тоа е целосно заслужено. Им честитам на сите Хрвати од се срце!, рече извршниот потпретседател на Комисијата, Валдис Домбровскис.
Комесарот за економија Џентилони смета дека оваа „Нова година ќе биде незаборавна” за хрватскиот народ.
– Каква историска пресвртница за Хрватска и за Европската Унија како целина! Можеби ниту една земја-членка на ЕУ не поминала толку неверојатно патување во последните три децении: од ужасите на војната во 1990-тите до членството во ЕУ во 2013 година и сега е подготвена да ужива во две од најопипливите придобивки од интеграцијата во ЕУ. Честитки за Хрватска!, рече Џентилони.
Комесарот за внатрешни работи Илва Јохансон вели дека секоја нова членка на Шенген ја прави Европската унија посилна.
– Горда сум на работата што Комисијата и Хрватска ја направија заедно за Хрватите сега да можат да имаат корист од овој историски чекор напред, рече Јохансон и додаде дека останува посветена Бугарија и Романија што поскоро да станат членки на Шенген.