ЕУ: „Русија краде, не купувајте ништо“

Европската унија ги повика сите партнери во светот да го проверат потеклото на храната што ја купуваат од Русија и да не прифаќаат ништо што е „украдено од украинска територија“.

„Знаеме дека Русија, пред да уништи, краде и залихи на украинско жито. Знаеме и дека тие се обидуваат да извезат украдено жито, како што беше случајот со Египет, кој тоа го одби“, рече портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

На прес-конференција во Брисел, Стано рече дека ЕУ не е воен сојуз за да може да го контролира извозот преку Црното Море, но и дека може да добие информации и да ги информира партнерите во светот за обидите на Русија да „извезе украдено жито“ на светските пазари.

Брисел го повторува обвинувањето дека Русија е одговорна за кризата во понудата и растот на цените на храната ширум светот поради уништувањето на земјоделското земјиште и залихите на храна во Украина.