ЕУ повика на воздржаност и почитување на меѓународното право во Венецуела
Европската унија повикува на воздржаност и на почитување на принципите на меѓународното право и на Повелбата на ОН во Венецуела, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во објава на Икс.

– ЕУ внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела. Под сите околности, принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН мора да се почитуваат, наведе Калас во објавата.
Апелирајќи на воздржаност, Калас додава дека ЕУ постојано повторува дека Николас Мадуро нема легитимитет како претседател на Венецуела и дека се залага за мирна транзиција на власта во земјата.
Калас воедно во објавата информира дека за случувањата во Венецуела разговарала со американскиот државен секретар Марко Рубио и со амбасадорот на Европската Унија во Каракас.
– Безбедноста на граѓаните на ЕУ во земјата е наш врвен приоритет, додаде Калас во објавата.