Шарл Мишел – претседателот на Европскиот совет ги осуди „злосторствата“ извршени од руските сили во предградијата на Киев и вети дека ќе има нови санкции кон Русија.
„Шокиран сум од прогонувачките слики од злосторствата извршени од руската армија во ослободениот регион Киев“ – напиша Мишел на Твитер.
Тој додаде дека Европската Унија и помага на Украина и на невладините организации во собирањето на потребните докази за гонење пред меѓународните судови.