ЕУ и ОК подготвуваат арсенал трговски алатки за економска војна со Трамп
Европската Унија и Обеднетото Кралство подготвуваат арсенал на трговски алатки за економска војна во случај да има потреба од такво нешто по инаугурирањето на новиот американски претседател, Доналд Трамп.

Како што пишува „Политико“, Брисел и Лондон со месеци работат на различни сценарија за тоа како може да се развие ситуацијата.
Официјалните лица се надеваат дека Трамп може да биде убеден да ги отфрли „казнените царини“ за европскиот извоз. Во исто време, тие имаат подготвен целосен опсег на одмазднички мерки, кои вклучуваат контратарифи“, се вели во написот.