Преговарачите на ЕУ и на Европскиот парламент вчера постигнаа договор за законот кој предвидува прекин на продажбата на нови возила со мотор со внатрешно осигурување од 2035 година натаму.
Овој договор го поплочува патот до модерна и конкурентна автомобилска индустрија во Европската унија. Светот се менува и ние мора да останеме предводници во иновациите, изјави чешкиот министер за индустрија и тргковија, Јозеф Сикела.
Чешкото претседателство преговарало во има на 27 држави-челнки со претставници на Европскиот парламент. Постигнат е договор до 2030 година да се намали емисијата на јаглерод диоксид од нови автомобили за 55%, а за 50% за камионетите во однос на нивото од 2021 година. До 2035 година, пак, треба да се постигне нула емисија на гасови и за новите автомобили и за камионетите.
Овој договор е дел од пакетот „Подготвени за 55%“, во кој ЕУ ја зацрта целта намалување на нето-емисијата на стакленички гасови за најмалку 55% до 2030 година.