ЕУ го усвои шестиот пакет санкции, од утре – ембарго на нафта
Амбасадорите на земјите-членки го усогласиле текстот на шестиот пакет санкции против Руската Федерација, кој треба да стапи на сила утре, откако ќе биде објавен во Службениот весник на ЕУ, дознава Танјуг од Брисел, пренесе б92.
Дипломатски извори во Брисел наведуваат дека поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, бил изоставен од текстот на шестиот пакет санкции, на кои инсистирала Унгарија.
Шестиот пакет санкции на ЕУ против Руската Федерација вклучува делумно ембарго на извозот на руска нафта во ЕУ, исклучување на најголемата руска банка Сбербанк од трансакцискиот систем SWIFT, забрана за три руски медиуми во ЕУ и проширена листа на санкционирани лица на која требало да се најде и патријархот Кирил.