Европскиот Совет и Европската Комисија ја осудија руската инвазија во Украина која започна во текот на ноќta, лидерите на земјите членки на ЕУ се состануваат вечерва за вонреден самит.
„Го осудуваме на најостар може начин рускиот воен напад без преседан врз Украина. Со своите неиспровоцирани и неоправдани воени дејствија, Русија најбрутално го крши меѓународното право и ја поткопува европската глобална безбедност и стабилност“ – се вели во заедничко соопштение на претседателите на Европскиот Совет и Европската Комисија – Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен.
ЕУ ја повика Русија под итно да стави крај на нападот и да ги повлече своите сили од Украина.
Дваесет и седумте шефови на држави и влади на ЕУ во текот на денот ќе пристигнат во Брисел за вонреден лидерски самит на ЕУ за да се координираат за начинот на кој треба да се одговори на рускиот напад и да одлучат за нови посилни санкции против Москва.
Првата фаза од санкциите на ЕУ беше усвоена вчера. Денеска Европската Комисија ќе им предложи на лидерите усвојување на нов пакет поостри рестрикции.