ЕУ го одложи воведувањето електронска пасошка контрола за граѓаните кои не се од членки на ЕУ

ЕУ го одложи воведувањето електронска пасошка контрола за влез и излез за патниците кои не се членки на ЕУ, што требаше да започне на 10 октомври, откако Германија, Франција и Холандија изјавија дека нивните компјутерски системи на границата се уште не се подготвени.

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска им изјави на новинарите дека „10 ноември повеќе не е на маса“.

Таа рече дека нема нов датум за воведување на новиот систем, но дека се разгледува можноста за етапно воведување.

Електронскиот систем за влез/излез (Entry/Exit System -EES) требаше да создаде дигитална база на податоци што ги поврзува патните документи со биометриски отчитувања кои го потврдуваат идентитетот на лицето и што ја елиминира потребата да се ставаат печати во пасошите на надворешните граници на ЕУ.