
ЕУ ги осудува затворските казни на руските новинари и ги смета за политички мотивирани
Европската унија денеска ги осуди затворските казни од пет и полгодини за четворица руски новинари, велејќи дека тоа се политички мотивирани пресуди и повика на нивно итно и безусловно ослободување.
Европската унија денеска ги осуди затворските казни од пет и полгодини за четворица руски новинари, велејќи дека тоа се политички мотивирани пресуди и повика на нивно итно и безусловно ослободување.
-Ги осудуваме политички мотивираните затворски казни од пет години и шест месеци за руските новинари за учество во активности поврзани со организацијата на Антикорупцискиот фонд (ФБК) на (Алексеј) Навални, напиша на „Х“, Анита Хипер, портпарол на високиот претставник на ЕУ.
Новинарите Антонина Кравцова (која се уште се води како Антонина Фаворскаја), Сергеј Карелин, Константин Габов и Артјом Крибер беа прогласени за виновни и осудени на по пет години и шест месеци затвор, изјави судијката Наталија Борисенкова на новинарите и на осудените. Тие беа обвинети за соработка со опозициската организација предводена од Алексеј Навални, која е класифицирана како терористичка организација.
-Фаворскаја, Габов, Карелин, Кригер и сите политички затвореници мора веднаш и безусловно да бидат ослободени, напиша Хипер.