Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, ги предаде акредитивните писма на македонската Претседателка, Гордана Силјановска-Давкова.
Од делегацијата на ЕУ во Скопје информираат дека Рокас ветил дека во текот на својот мандат ќе соработува со институциите, политичките чинители и општeствените сектори ширум земјата.
Тој изразил подготвеност за поддршка на процесот на реформи.
„Мојот мандат е да ѝ помогнам на Северна Македонија да оди напред и да направи опипливи чекори на патот кон нашата заедничка и непоколеблива определба за членство во Европската Унија“, изјави амбасадорот Рокас.
Копија од акредитивните писма вчера му вратил и на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.