Бразилците се убедени дека нивната репрезентација ќе ја освои титулата на Светското првенство кое на крајот на оваа година се одржува во Катар.
Според истражувањето на агенцијата „Датафоља“, дури 54 отсто од испитаниците очекуваат „Селесао“ во Катар да стане светски шампион по шестипат. Истражувањето било спроведено на 2.556 испитаници на возраст над 16 години.
Пред почетокот на Мундијалот во Бразил во 2014 година, неверојатни 68 отсто од испитаниците беа убедени дека домаќинот ќе го подигне пехарот, но на патот се најде Германија која го демолираше Бразил со 7:1.
Пред првенството во Русија во 2018 година, 48 отсто од испитаниците верувале дека зелено-жолтиот тим ќе стане шампион. Сепак, тие беа запрени веќе во четврт-финалето кога противник беше Белгија.