
Еурофарм Пелистер со висок пораз од Барселона ја заврши сезоната во ЛШ
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер загуби вечерва убедливо од Барселона на гостински терен со 47-27 во својот последен натпревар оваа сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер загуби вечерва убедливо од Барселона на гостински терен со 47-27 во својот последен натпревар оваа сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).
Разликата во квалитетот беше очигледно на страната на Барселона која по почетното водство на Еурофарм Пелистер (2-1, 3-2), брзо ја презеде контролата на теренот и поведе со 11-6, а потоа и со 21-14, за на полувреме да има високи 24-15.
Во второто полувреме предноста на шпанскиот состав само растеше и на крајот достигна највисоки +20 голови разлика.
Еурофарм Пелистер го заврши настапот во елитното европско клупско натпреварување на претпоследното место во групата Б со две победи, исто толку нерешени и десет порази.
Следен предизвик пред избраниците на тренерот Стевче Алушовски ќе бидат натпреварите во домашното првенство во кое битолскиот тим веќе в недела го очекува големото дерби против лидерот на табелата Вардар 1961.