По оставката на припадниците на полицијата од српска националност на северот на Косово, Мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) испрати нови припадници, но не да ја вршат улогата на полицијата, соопштија од Мисијата, објави Н1.
Како што беше објаснето, откако Србите ја напуштија косовската полиција, се создаде безбедносен вакуум, кој ЕУЛЕКС може само делумно да го пополни, но не може да ја замени косовската полиција.
„Со цел внимателно да се следат сите настани кои можат да влијаат на безбедноста на Косово, како и на безбедноста на сите заедници во Косово, специјалната полициска единица на ЕУЛЕКС и специјалната резервна полициска единица значително ги зголемија своите мобилни набљудувачки, патроли на северот на Косово. во координација со косовската полиција од 16 ноември, покрај значителното зголемување на мобилните патроли за надзор, службениците на специјалната полициска единица на ЕУЛЕКС и на резервната специјализирана полициска единица вршат и пешачки патроли во четири општини на северот на Косово“, се вели во соопшштението на ЕУЛЕКС.
Додаваат дека ЕУЛЕКС ја следи состојбата на премините Јариње и Брњак, преку присуство на специјализирана полициска единица.
„Припадниците на специјалната полициска единица и на резервната специјализирана полициска единица работат во смени и вршат надзорни патроли 24 часа на ден, седум дена во неделата“, се вели во соопштението.