ЕСМ ќе мора да обезбеди 100% од потребите за домаќинствата

„Управниот и Надзорниот одбор на АД ЕСМ денска одлучиле да го зголемат планот за производство на електрична енергија за годинава, откако Владата од друштвото побара да обезбеди 100 отсто електрична енергија за ЕВН Хоме наменета за граѓаните и малите потрошувачи за периодот јули-декември 2022 година по цена од 48 eвра за MWh“.

Ова беше соопштено денеска , а за остварување на планот разгледани биле динамиката на ископ на јаглен во сопствените рудници, можностите за нејзино интензивирање, постапките за набавка на јаглен и мазут, набавката на гас, движењето на цените и достапноста на енергенсите на регионалниот пазар, како и можностите за оптимизирање на потрошувачката и заштеда на средства.

Според законот за енергетика, ЕСМ годинава требаше да обезбеди само 60 отсто од потребите за електрична енергија на домаќинствата и малите фирми, а остатокот да го обезбеди ЕВН Хоме преку увоз.

Но поради високите цени на струјата на берзите ( 360 eевра/MWh), владата одлучи да го задолжи ЕСМ да произведе 100 отсто од потребните количини за да нема енормно покачување на крајната цена за граѓаните.